Свечено отворена изложбата Mementos / Спомени на Државниот Архив Одделение Битола

од September 17, 2021 0 коментари

Денеска со почеток во 17.00 ч. во фоајето на Домот на културата од страна на Државниот архив и одделението-Битола, во соработка со Интернационалниот фестивал на филмска Камера „Браќа Манаки“ , е отворена изложбата насловена Mementos/Спомени.

Таа е дел од официјалната програма на 42-то издание на овој фестивал.

Настанот беше одржан во согласност со утврдените здравствени и безбедносни владини мерки и протоколи.

Директорот на Државниот Архив одделение Битола истакна дека секоја година по ред, 42 години досега даваат нивни придонес запознавајќи ги сите љубители на фотографијата и кинематографијата со дел од богатството на нивната „лична карта” – Фондот на Браќата Манаки, кој секојдневно го обработуваат во самата институција.

Изрази голема благодарност до присутните за нивниот одзив и ја прогласи изложбата за отворена.

Изложбата ќе биде поставена во фоајето на Домот на културата до 24-ти септември 2021г.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *