Нашиот битолчанец Сунај Мифтар ќе настапи на престижниот кикбокс натпревар ФФЦ во Турција

од May 17, 2022 0 коментари

Нашиот битолчанец Сунај Мифтар продолжува со неговиот гладијаторски живот, овај пат ќе учествува на една од највеличествените организации за натпревар во кикбокс, ФФЦ која ќе се одржи во Турција. Презентирањето на учесниците ќе се одржи на 22 мај 2022 г. во Аланија, со својата шеста серија.

Ова е една од најсериозните организации во Кикбокс на која досега имам настапувано и учествувано. Како противник ќе ми биде домаќинот Бариш Караман, кој зад себе има 3 професионални настапи и исто толку победи и како тренер ќе го има легендата на светскиот кикбокс Мајк Пасениер. Но ова мене нема да ме обесхрабри, моментално сум во одлична кондиција и ќе дадам сѐ од себе за достоинствена победа…ни потврди Сунај.

Babam Bitola

Comments are closed.