“WKU FIGHT NIGHT во Волкетсвил Швајцарија беше мојата втора професионална К1 борба, три рунди по три минути до 68 кг.

За противник ми беше домаќинот Валдрин Игришта кој е доста по искусен борец и тоа и го покажа во рингот.

Заедно покажавме одлична борба за публиката која нѐ награди со голем аплауз на крај јас успеав да се издигнам како победник.

Сакам да искажам голема благодарност до мојот тренер Димитар Ѓоргиев и тимот на КБК Работнички Адора , исто така и кичевчаните Садин Зенку и Урим Саити кои ми овозможија да стигнам до овие организации и секако нивното големо залагање додека престојував и се борев во Швајцарија.”- ни напиша Сунаи Мифтар возбуден за неговата втора К1 победа …

Честитки од нас и ти посакуваме уште поголеми успеси за понатаму 👍