Аирлија да е! Стартоваше повторната обнова на Домот Копанки

од May 29, 2019 0 коментари

ПСК Пелистер на крајот од викендот ги започна своите активности по повод обновата на опожарениот дом Копанки.

Неколку членови од нив самостојно и пеш се упатија кон добро познатата локација, носејќи ги на раце и грб потребните алати кои се неопходни за прилагодување и започнување на поголеми зафати.

Во неделата беше донесена и струја до самиот објект каде се постави и разводната кутија.

Активностите продолжуваат и секој нареден викенд, сабота и недела, во зависност од временските прилики. Оттука една покана до сите вас да не следите и доколку сте во можност да помогнете на било каков начин.

Нека е аирлија ПСК Пелистер 👍

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *