Битола. Битола е жуборот и мирисот на Драгор. Битола е Дембел чаршија, Битола е сенките од дрвата на Партизанска, Битола е тостот и сендвич кај Бомбата и слатките на Асан. Битола е Баиро, Карпош, Гинимале, Нова Битола, Маџир маале, Областа, Центарот. Битола се кабадаите и дотераните чупиња. Битола е корзото, Битола е театарот, Офицерски, пионерчето. Битола е и старата фонтана, автобуската, Битола е и на железничка. Битола е и навивањето на Градски и во спортската за Пелистер. Битола се Чкембарите. Битола е Св. Нектариј, Кркардаш, Битола се и песните на Сашка Петковска, Бојс, Виолета Томовска , Јонче Христовски Каролина. Битола се вицојте за Трајко Џандаро, приказната за на Расим жмигавците, за невестата од Ротино, за утакмицата ко се крена паркетот со Лемго. Битола е приказна со почеток и без крај. Битола е душата, најградскиот град, Битола ни е во срцето.

Среќен роденден моја, твоја, наша… БИТОЛА ❤️❤️❤️

Александар Георгиевски