На 21-ви август, Архитектон дизајн Дооел Битола го прослави својот 4 роденден. Нивните дејности се:

– Изработка на проектна документација

– Надзор над изградба на градби

– Внатерешен дизајн

– 3D визуелизација

Менаџерскиот тим во овие 4 години постоење, како позначајни ги потенцираше следните проекти :

– Проект за Станбена зграда со атриумски простор со 140 станбени единици деловен простор и простор за заедницата

– Проект за смарт центар за социјална инклузија на ранливи категории – фарма и градина со површина од 1 хектар

– Проект за мултифункционален објект со трговски содржини, деловен простор и домување со кровни зелени тераси и заеднички простор за социјализација

– Надзор над изведба на фотоволтаични електрани со моќност од 20 MW.

Со констатната мотивација, посветеност, напорната работа и бескрајна креативност тие изградија силен тим кој се издвојува од останатите со слична или иста дејност. На прославата беа доделени пофалници за нивниот придонес во растот и развојот на Архитектон дизајн.

Во моментов нивното портфолио брои илјадници задоволни клиенти, голем број на проекти како со приватни така и државни инвеститори, со кои ретко кој може да се истакни.

Среќен 4-ти роденден!

Текст : Н.С. и С.Д.

Фотографии : Архитектон дизајн