Учениците од медицинското училиште Д-р.Јован Калаузи: Станиша Станковиќ, Викторија Брдаровска, Моника Петреска,Кристина Котевска, Амела Алија,Маја Станкович, Никола Козаревски, Сара Бошевска и уште неколку ученици денес во 11 часот имаа дебата со евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар, во која се дискутираше околу ЕУ, зошто Велика Британија излезе од унијата, erasmus+ и многу други теми поврзани со тоа.
Крајниот резултат беше интересна дебата – за ЕУ, филмската продукција по која Македонија станува препознатлива на светската мапа како медена земја, тековното реновирање на Офицерскиот дом и плановите за отварање на Europe House на крајот од Широк Сокак.
На следната средба ќе им се придружиме на овие средношколци во нивното еколошкото движење.
Модератор на дебатата беше Ванѓел.