„Срцето двапати ми е откорнато. Еднаш во 1955 година кога заминував од Битола и уште еднаш кога од Истанбул заминував за Измир. Ама срцето ми остана во Битола”
Чујте ме мили земјаци, битолчани , битолчанки,
стари млади и дечиња
ергени и девојчиња
ќе ви кажам два-три збора
што срцево ми зборува
за родниот град Битола
аманаман град Битола
нема поубав град од неа
нема поубав град од неа
една на свет е Битола
китка е со својте села
стари и со нови згради
и сокаци мили драги
пролет, лето, есен, зима
убава е град Битола
секогаш е драга мила
аманаман град Битола
нема поубав град од неа.
https://youtu.be/Zzzs7yohSSY
Песната е испеана во 1983 година кога Ајри Демировски после 28 години го посети својот роден град Битола.
Битола мора да му се оддолжи на Ајри Демировски. Со најголема почит од нас Бабам Битола.