Пет комплетно нови, модерни апартмани на најградската улица на светот. Тука каде многу векови се наоѓа артеријата на нашата Битола и каде животот се одвива нон стоп 24 часа. Апартмани кои се според сите светски стандарди и пример кој треба да го следат многумина, бидејќи ништо не е нарушено од нашето културно богатство кое е заштитено со закон. На самиот влез е надворешната стара врата која е реновирана и во автентичен стил како пред сто години, заедно со прозорците кои се во боја на дрво. Зачувана е комплетно и внатрешноста и изгледот на собите. Целосната слика преку фотографии е прекрасно доловена од Hristo Fidanov Photography кои комплетно ќе Ви ги преставиме за љубопитноста на вашeто око.
Со среќа Сомниа Апартмани ♥