Битолскиот фотограф и хроничар, доајен на битолското новинарство Петар Ставрев (р. 1941) голем љубител на планината и природата, и на почетокот од оваа 2021 година со неговите импресивни 79 години пешки се упати во правец од вилата на Лазо до м.в. Антена (врв Пелистер 2601 мнв) , каде заедно со дежурната екипа на МРТ ќе отворат едно новогодишно шампањско по повод новогодишните празници.

ТРАДИЦИЈАТА ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД ДВАЕСЕТ ГОДИНИ КОГА ЗА НОВОГОДИШНОТО ИЗДАНИЕ НА ВЕСНИКОТ ВЕЧЕР САКАВ САМИОТ ДА ПРИДОНЕСАМ СО ЕКСЛУЗИВНА ВЕСТ И ОДЛУЧИВ НА ВРАБОТЕНИТЕ КОИ РАБОТАТ НА НАЈВИСОКОТО РАБОТНО МЕСТО ВО МАКЕДОНИЈА, НА 2601 МНВ, ДА ИМ ОДНЕСАМ ПОДАРОК И ТОА ПИЈАЛОК ШАМПАЊСКО…

изјави Петар Ставрев денеска во 11.30 часот , воодушевен од убавината на денот и неговото друштво во кое имало и 6 годишно младо прилепчанче.

Екслузивноста на овој чин продолжува и оваа година. На Петар му правеа друштво дел од неговите најблиски пријатели меѓу кои и битолскиот адвокат Борислав Главинче кој преку неговите фотографии ни долови мал дел од овај настан.