Сеуште сме тука и сеуште наоѓаме љубов“

Во времето во кое едноставните работи стануваат предизвик фотографите се оние кои преку своите објективи создаваат сведоштво за она што во некое идно време ќе биде предмет на неверување и зачуденост.

На 26.08.2021 на платото пред Центар за култура Битола се одржа свеченото отварање на 9-тото по ред издание на изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2021.

Годинава 25 фотографи, професионалци и аматери ни испратија повеќе од 70 фотографии кои ја раскажуваат приказната за нашиот град и начинот на кој тој продолжува да живее и љуби и покрај сите предизвици пред кои не става пандемијата која стана дел од нашето постоење.

Стручното жири, во состав: Ивона Кочов, Сашо Николоски Алушевски и Александар Котевски, направи селекција и оценка на фотографиите кои пристигнаа и направија избор од 24 фотографии кои се дел од изложбата „Со љубов од Битола 2021“ и ги избра добитниците на наградите на годинешниот конкурс.

Првата награда оди во рацете на Ангела Велјановска за фотографијата Choose Hope.

Втората награда и беше доделена на Бенита Стојмирова за фотографијата Битолска стара чаршија.

Додека третата награда ја освои Дражан Брачиќ за фотографијата со наслов Против секоја власт.

Жирито му додели пофалница на Кристијан Талевски за фотографијата Битола во зимска идила.

Наградите на победниците им ги врачија Директорката на НУ Центар за култура Битола – Маја Андоновска Илијевски и претседателот на ЦЕРИ Диоген Хаџи –Коста Милевскиа, а свое обраќање пред присутните имаше и претставникот на стручното жири Александар Котевски кој ги запозна приисутните со размислувањата и процесот на одлучување преку кој се дефинира содржината на оваа визуелна приказан.

Во името на главниот спонзор на овогодинешното издание на изложбата Со љубов од Битола 2021 – Сава пензиско друштво а.д. Скопје на присутните им се обрати господинот Зоран Габеданов кој го истакна значењето на ваквиот тип на изложби на фотографија кој им овозможува учество на сите оние кои имаат страст да се занимаваат со фотографија без оглед дали тоа го правата на аматерско или професионално ниво.

Во името на главниот покровител на изложбата Министерството за култура изложбата за отворена ја прогласи Директорката на НУ Центар за култура Битола- Маја Андоновска Илијевски.

Сите заинтересирани ќе имаат можност да ја погледнат изложбата од 26.08.2021 до 05.09.2021 во фоајето на Центарот за култура Битола.

Свеченото отворање се реализира според протоколите за заштита од COVID – 19 а овие протоколи важат и за посета на изложбата во фоајето на Центарот за култура Битола.