Центарот за европски развој и интеграција објавува конкурс за фотографии за традиционалната изложба „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2018″

Конкурсот ќе биде отворен до 23.07.2018 година

Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.

Тема на конкурсот е „БИТОЛА Е ЉУБОВ“ или “ЉУБОВТА ВО БИТОЛА“ . Испратените фотографии треба да содржат мотив кој ќе ја отсликува љубовта и ќе содржи детали кои посочуваат дека таа форма на љубов е фотографирана во Битола.

Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири ќе направи селекција која фотографија ќе стане дел од изложбата)

На фотографијата да нема потпис или друг дополнително внесен текст или графички елементи.

Фотографијата да е со минимална резолуција од 2000 px. и по можност во „landscape“ формат.

Фотографијата да не е претходно испратена на конкурсот „Со љубов од Битола “.

ФОТОГРАФИЈАТА ЗАЕДНО СО ПОПОЛНЕТАТА ПРИЈАВА ТРЕБА ДА СЕ ИСПРАТАТ НА Е-МАИЛ:

[email protected] ,

ДО 23.07.2018 год. со назнака ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2018 .