Денес на 21.04.2022г. во 19:00 часот во НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА – Битола по повод 80 годишнината од формирањето на битолските партизански одреди, нашиот битолчанец Петар Ставрев Ве поканува на фото изложбата „Со факелот за слобода до победа 1942 – 2022” од авторот Петар Ставрев.
На изложбата ќе бидат преставени 100-тина црно бели и колор фотографии започнувајќи од 27.04.1942 г. од партизанските одреди до социјалистичката изградба, збиднувања и слично кои се дел од Архивот на Битола, дел од приватни колекции и поголемиот дел на самиот автор.