Зимските денови започнаа. Снежните врнежи во акумулацијата Стрежево формираат импресивни пејзажи кои нудат „визуелен празник“ за љубителите на природата и фотографијата. Сите овие убавини придонесуваат зимата да ја доживуваме како вистинска бајка.

Зимата е едно убаво и интересно годишно време. Навидум сѐ е некако мирно, а сепак е раздвижено. Бистрите потоци го немаат веќе својот бучен жубор бидејќи нивниот воден тек е делумно замрзнат. Дрвјата веќе одамна ја изгубиле својата раскошна крошна и ја замениле со своите зимски одела.

Да уживаме заедно во раскошот на зимата и убавините што ни ги нуди јануари, месецот на инспирација и надеж, период на празници во годината кои ни нудат сила која не охрабрува во борбата со животните предизвици.

ЈП СТРЕЖЕВО БИТОЛА