МАКЕДОНИЈА ВИСОКО КОТИРА, доколку победи следната Евровизија највероватно ќе се одржи во Битола!
Тамара Тодевска со својот настап ја воодушеви европската публика. Нејзиното високо место во прогнозите го повлекува и прашањето што ќе се случи доколку победи на фестивалот.
Од пред некоја година Македонија настапува на Евровизија и речиси секогаш има впечатливи настапи, но овојпат го привлече вниманието на сите фанови на фестивалот.
Според прогнозите, постојат големи шанси токму нашата земја да ја однесе победата бидејки од неодавна ја укина радиодифузната такса и го промени името. Тамара ја воодушеви европската публика. Нејзиното високо место во прогнозите го повлекува и прашањето што ќе се случи доколку победи на фестивалот.
Прва логична претпоставка е дека Евровизија ќе се „пресели“ во Битола, е тоа што забрзано се гради стадионот каде најверојатно под Тумбе Кафе ќе се одржи и следната Евровизија 2020. Во случај на наша победа, се планира и веќе постоечкиот нов полигон за полагање да биде преправен во мини аеродром за да можат да доаѓаат сите гости од членките на Европската радиодифузна унија кога ќе се организира следниот фестивал.
Битолчани веќе подолго време се зачудени зошто ништо не се гради во нашиот град, сигурно се чека победа на Евровизија и во едно големо ура да добиеме стадион, аеродром, улици, хотели со базени, молови со најдобрите трговски марки и др.
За потсетување, само битолчанката Каролина Гочева има настапувано на евровизиската сцена, првиот пат кога бевме сите на готовс дека Евровизија доаѓа во Битола. Сега нашата Тамара, која не е битолчанка но има желба Битола да биди “главен град” со песната „Proud“ ќе направела сѐ од себе за сите ние битолчани повторно да се чуствуваме ГОРДО!
Извршниот директор на Евросонг смета дека со организирање на овој фестивал во Битола истиот би стигнал до многу повеќе гледачи и би придобил повеќе обожаватели низ светот бидејќи најмногу иселеници и печалбари имало баш од Битола. Дури има и конкретен план, за Евровизија 2020 да има и афтер парти и офф програма со што би заживеале и локалните кафе барови и ресторани.
Оваа година вкупно 41 земја земаа учество на Евровизија. Битолчани беа горди на Каролина Гочева која ни се мажи за Скопје и сега сме Proud на Тамара да ни ја донеси Евровизија во Битола!