hdr

Слава на времето:

– домашно вино, домашна ракија, да знаевме и пиво да праевме ќе праевме

– немаше посна и мрсна слава пошто масата изгледаше ко президиумот на КПЈ,
сите комунисти

– теми на расправа: втора светска војна (секогаш имаше партизан шо одбива да
умри, а цела фамилија го чекаат да му јадат боречката пензија), фабричките гиганти на
Југославија, Германија и Ватикан дале три милијарди марки да ја растурат Југославија, транзиција

– пошто седевме поделени ко во џамија жените идеа со тефтери “Југометал 90” и менуваа рецепти, а пошто имаше и ageism, посебно место имаше за децата никој не носеше дрвена лептир машна.

– се слушаше музичка програма на локална телевизија дур не запее некој… обично тој
шо не знае да пеј.

Слава сега:

– исти курац од пијачки, за 20 години не научивме уште пиво да прајме, а заборајвме да прајме вино и ракија. Плус има виски за тој роднината од партија шо очекуваш да те вработи, а нема.

– масата е ко оригами изложба. Печеница виткана ко ружи, кашкавал во форма на
лотосов цвет, салфети ко лебеди, јебем ли га само куленот остана да личи на кулен

– на маса се разговара исклучиво за геоплитика со две струи: прозападна и проруска. Се откриваат сите тајни на ЦИА,
КГБ, Мосад без да се пази дека и ѕидовите имаат уши. Како почнува да дејствува алкохолот се спушта нивото на ВМРО,
СДСМ дур хиликот на маса не речи “Сите се исти”. Никој не го слуша. Дискутираат и жени и деца пошто го победивме и
патријархот и ageism-от

– во зависност на примањата на
семејството музиката варира од Јутуб до жива музика. Уште се слуша дугме.

– од рецепти се разговара само за рецепти за лекови

– има луѓе со дрвени лептир машни, ко да немаат огледала

Божидар Божиновски ака Моџо Килингтон