Летото е вистинско време за посета на познатите Капејнци во с.Дихово каде можете да се освежите во најубавата пелистерска вода и да ги примените вашите скокачки вештини, се разбира доколку претходно сте консултирани со добар познавач на ова место.
Ова лето битолчанецот Роберт Талевски викан Чомбе оправдано паузира од “неговата канцеларија”, како што тој знаеше да ја наречи којa ја посетуваше и лето и зиме. Ние моравме да го контактиравме со цел да се “освежиме” од неговите професионални скокови од диовските карпи кај Сопот.
Уживајте како да сте вие!
Поздрав голем Чомбе и благодариме!