Соработката меѓу Јавен Адвертајзинг, образовна институција од Битола и Синдикатот на РЕК Битола се однесува за користење на услуги за обуки од областа на информатичките технологии за вработените во РЕК Битола.
Ваквата соработка ќе им овозможи на сите вработени и нивните блиски да се усовршат во некоја од областите во ИТ секторот, и тоа преку ИТ обуки кои вклучуваат изучување на програмски јазици, дигитален маркетинг, графички дизајн, проектен менаџмент, канцелариско работење итн.
“Чест ни е и задоволство што склучивме еден ваков договор кој ќе им помогне на сите оние кои што имаат желба да ги усовршат нивните дигитални вештини и да се приклучат кон дигитализацијата.” – велат од Јавен Адвертајзинг.
И секако не само вработените од РЕК Битола, туку и сите оние кои што имаат желба за преквалификација, надоградба или изучување на нови дигитални вештини можат да се обратат во Јавен Адвертајзинг и да напредуваат со своето знаење и работната позиција.
Едукацијата треба да е на прво место за сите возрасти.
Јавен Адвертајзинг е Верифицирана Институција за Образование од страна на Министерство за Образование и Наука и Центар за едукација на возрасни.
Сите обуки кои што ги нуди Јавен Адвертајзинг можат да се најдат на нивната веб страна