Во организација на Викторија Брдаровска и Тамара Илиевска со поддршка од здружението ,,ВИКТОРИ”, во Општина Битола се одржа хуманитарниот настан ,,Сите заедно во борба со канцерот” на плоштад ,,Магнолија”.
Имаше и трибина на отворено на плоштадот Магнолија. За неа се обидоа да објаснат нешто повеќе за канцерот, превенцијата, лекувањето и се останато, здравствени работници од Битола (психолозите Ана-Марија Петровска и Ирена Николовска-Ристановска и гинекологот Михајло Вангелов).
На овој настан исто така имаше и базар на кој се продаваа разни изработки, а продавачите најмногу беа од Битола, Прилеп и Скопје.
На конкурсот за есеи првото место припдна на Ана-Марија Благојевска, второто место на Кристина Костадиновска, а пак третото место на Викторија Трајковска.
Донациите на коса кои се
собираа три месеци од Битола и од цела Македонија, па и од Франција, Италија и Турција, од нив ќе се направат четири перики кои подоцна ќе бидат донирани таму каде што е најпотребно.
Настанот го заврши група ,,Аманет” со музички изведби.
На настанот обраќање имаше и градоначалникот Тони Коњановски кој ја пофали организацијата на настанот и рече дека на Општина Битола и се потребни многу вакви настани, особено кои се организирани од млади луѓе како Викторија и Тамара.
Викторија и Тамара им се заблагодарија на сите спонзори, поддржувачи, учесници, донатори/ки на коса и на сите присутни гости.