Сирењето во фурна е едно од омилените мезиња на битолчани. Има повеќе варијации, но во суштина се прави од меко растително сирење, млечно сирење и кашкавал. По желба може растителното сирење да го замените за урда како што е направено во овој рецепт. Од овие количини се добиваат 2 порции.

Состојки

400 г солена изварка (или растително фета сирење)
200 г овчо сирење
150 г кајмак
150 г врат или димена сланина исечкана на мали парчиња
неколку лажици доматен сос
200 г рендан помек кашкавал
по желба 1 разматено јајце

Прво во земјените садови се става по малку доматен сос и се додава изварката. Се додава и издробеното овчо сирење и исечканиот врат. Се ставаат да се потпечат 20тина минути.
Потоа се вадат од рерна, се додава кајмакот и одозгора се става ренданиот кашкавал. Се ставаат по 2-3 лажици доматен сос одозгора и се враќаат во рерна да се допечат. Јас ставив и 1 јајце кое го изматив со кајмакот.

Фурнаринките се исто така домашни, ги направив од замрзнато тесто за пастрмалија што ми имаше останато претходно, само го развлеков тестото, го премачкав со жолчка, додадов малку сол,оригано и сусам и ги печев заедно со сирењата.
Рецептот за фурнаринките го имате ОВДЕ

Рецепт од Гордана Аџиева – Михајловска