Нашиот битолчанец Пеце Ангелевски Пецката од реномираната битолска компанија Синпекс како подарок доби електричен скутер, за што тој сам и се пофали горд на донацијата од нашата битолска фирма:

Бескрајна благодарност до фирмата Синпекс. Се надевам дека ќе ми служи за посета на моите омилени дестинации. Скутерот ми е подарен уште од пред две недели, но дури сега ставив лепенки и решив да објавам… ни посочи Пецката во краток допис.

Синпекс е битолска компанија која егзистира уште од 1990 г. и е пример за сите општествено одговорни компании кои несебично донираат и помагаат за сите битолчани.