Синоќа во големата сала на Центарот за култура се отвори првото издание на Интернационалниот Етнографски Филмски Фестивал со проекција на филмот “Poron Hahmosa Pitkin Taivaankaarta”, „Како ирвас под небесниот свод“, документарен филм од Марку Лемускалио /Markku Lehmuskallio Финска, 1993 година.

Во следните денови ќе има проекции на вкупно 11 филмови, од кои 6 се долгометражни.
Сите следни проекции се во Малата сала на Центарот за култура од 20.00ч

Со овој настан започна и претпрограмата на 52 издание на ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ годинава под слоганот •Од корените….до цветот• а фестувалот ќе трае цели 12 денови.

Извор Илинденски денови