На местото каде сега се наоѓа Здравствениот Дом др. Хаим Абраванел попознат меѓу битолчани како “Уредот”, некогаш се наоѓала најубавата и најголема еврејска синагога (храм) Арагон во Битола или Ил Кал Арагон (Арагон е автономна заедница во Шпанија, коекстензивно е со средновековното Кралство Арагон) од каде беа протерани шпанските (сефардски) Евреи.





Во Битола фунционирале 9 синагоги, од кои 3 биле големи и позначајни, додека другите беа мали и сместени во приватни куќи.
Синагогата Ил Кал Арагон била изградена некаде кон крајот на 16ти век или 1580 г. и како храм функционирал некаде до 1941 г.

За време на неговото функционирање тука се одржувале разни собири и свечености, кои биле пренесувани во тогашните весници:


За време на Втората светска војна од страна на бугарската фашистичка војска истата беше претворена во свинска кланица, а по нивното заминување од Битола беше целосно демолирана со динамит.



Моментално на ова место не постои било какво обележје за оваа некогашна синагога која ја украсувала стара Битола.
Зоран Ѓоргиев