Членовите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид нуркаа во Големо езеро на Пелистер. За ова нуркање е потребно посебен режим на нуркање за кој профилот за нуркање го изработи Јован Секулоски, SSI AI Trainer.
Големото езеро спаѓа во леднички езера. Во најголем водостој езерото е долго 233 метри, широко 196 метри, а најголемата длабочина изнесува 14,5 метри. Поради присуство на планктон видливоста е ограничена. Под вода можат да се забележат воени ашовчиња, гранати, рачни бомби, цевки од пушки и пастрмки кои преживуваат и во најекстремни услови кога езерото замрзнува. Во одлична организација на Планинарскиот дом „Димитар Илиевски-Мурато“ и Националниот парк „Пелистер“ експедицијата се реализира успешно, информираат од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид .
фото: Нуркачки центар „Амфора“
Извор Охрид 1