Со атрактивен и модерен изглед на реалоцирана експозитура на ул. 1 Мај бр. 1, на местото од некогашно Борово. Конечно по неколку години се оплемени и заличи на нешто овај простор кој беше нефункционален и запуштен, оставен на забот на времето.
Отворањето нови и модерни експозитури кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите, значат поголем број директни контакти и зголемена можност за користење на атрактивните банкарски производи и услуги.
Нас особено не израдува и нејзиниот внатрешен изглед каде за уредување се користени фотографии од автентичната битолска архитектура.
Секоја чест и нека Ви е со среќа.
Фотографии извор