Ако Дарвин беше битолчанец ќе
откриеше дека еволуцијата започнува уште од сабајле со кафе по кафичите, па чорба, ракија со шопска, ручек со палачинка и накафе пак. Во Битола уште од млади луѓето еволуираат во дембели, а на спортските натпревари – во Чкембари.

Ако Шекспир беше битолчанец, Хамлет немаше да прашва „Да се биде или не?“, туку „Ќојме удолу бе брааат“!?

Ако Колумбо беше битолчанец, немаше да ја открие Америка. Ќе cи уживаше Дио на капејнци и со другарите ќе играше бељот по цел ден.

Ако Леонардо беше битолчанец (Да Винчи цртачо а не Леонардо ди Каприо), Мона Лиза ќе ја нацрташе со лајче пластично од еспресо. Ќе беше најубата нормална девојка какви шо се сите наши битолчанки, со исклучок на понекоја пластична со силиконски муцки од Оризари.

Ако Ван Гог беше битолчанец, ќе ни ги нацрташе најубајте сончогледи кај сато, ѕвездените ноќи над Широк Сокак и пијачите на брзосмртка кај Мара.

Ако Галилео Галилеј беше битолчанец секоја вечер од кај авионите ќе му слегваше ѕвезди на неговата љубена, со муабетите ќе ја шеташе до месечината и назад.