Дванаесет медали за битолските витрини од Нинџитску клубот на ИСФА Велинград Опен

од May 21, 2022 0 коментари

Одличен настап на нашите шест сениорски такмичари од Нинџитсу клубот Битола на ИСФА Велинград Опен каде демонстрираа добри борби и остварија вкупно четири победи. Последната победа ја добија статистички, но после судиска одлука таа му се додели на домашниот борец иако тоа во реалната ситуација не изгледаше така.

Како и да овие борби се значајно искуство за нас и без ова ниту еден борец не може да еден ден направи сериозен исчекор во ММА профи водите… ни посочија од нивниот тим.

Во Џиуџицу и Граплинг исто така имаа одлични настапи, освоени медали и добри различни завршници со севкупен пласман од дванаесет медали и тоа шест златни и четири сребрени и два бронзени медали и второпласирана тимски екипа.

Babam Bitola

Comments are closed.