Десерт кој ќе ви ги врати сеќавањата од детството. Зашеќерените јаболка беа нашите омилени десерти кога бевме деца и имавме привилегија да ги јадеме само за време на празници или кога циркусот ќе дојдеше во градот. Еве како да ги направите дома.
состојки:
10 мали јаболка
1 кг шеќер
10 стапчиња долги 20 см
1 прашок црвена прехрамбена боја
Подготовка:
Измијте ги добро јаболката, отстранете ја дршката и прободете ги со стапчето.
Ставете го шеќерот во тенџере и на тивка температура карамелизирајте го додека не добие бледо жолта боја. Бидете внимателни да не загори. Додадете црвена боја, промешајте и тргнете го тенџерето од оган.
Веднаш секое јаболко се потопува во карамелот и се става на хартија за печење.
Оставете да се изладат и да се стврднат.
Уживајте во вкусот на детството!