Битолскиот новинар и фоторепортер Петар Ставрев (78) продолжува со неговиот подвиг на дежурната екипа од Антена да ги почасти со шампањско по повод доаѓањето на Новата година.

Повеќе од дваесет години и точно на вториот ден од почетокот на новата година, заедно со група ентузијасти пеш се упатуваат од Вилата на Лазо, Ловечка до Антена. Оваа година се погоди смената на Ѓорги Костовски Џиката кој беше дел од алпинистичката екипа која со легендарниот битолчанец Мурато го освои Монт Еверест.

Традицијата трае повеќе од дваесет години кога за Новогодишното издание на весникот Вечер сакав самиот да придонесам со екслузивна вест и одлучив на вработените кои работат на највисокото работно место во Македонија, на 2601 мнв, да им однесам подарок и тоа пијалок шампањско.

Оваа година и покрај студениот ветер со брзина од 70/80 км/час и температура – 15 успеав да стигнам до топлиот пречек со чај на највисоката точка каде нон стоп работат нашите битолчани. Среќна Нова и вас и на сите кои Ве читаат- со голема возбуда ни изјави Петар Ставрев на слегувањето од нашата Баба планина и Пелистер.

Среќна Нова година и од нас до него и уживајте во природната убавина од неговата Пелистерска фотогалерија…

Фото и видео Петар Ставрев/ Сашо Ставрев