Маловиште (познато и како Маловишта) е село во Општина Битола, на 20-ина километри од градот. Тоа е планинско село, на подножјето на Баба Планина и е единствената населба во границите на Националниот парк Пелистер.Моментално во Маловишта живеат околу 50-тина жители. Тоа е специфично село, со интересна, автентична архитектура. Селото има убави, големи куќи градени од камен, на традиционален начин.Белег на старата архитектура се сочуваните стари калдрмисани улички, камените мостови и изгледот на мала градска населба.Во центарот на селото се издигнува црквата Св. Петка, со својот сочуван фрескоживопис, како и извонредниот дрвен иконостас изработен во длабока резба.Во центарот има јавен објект каде што е поставена изложба за традиционалната култура на селото.Една од најмаркантните личности од с. Маловиште е Константин Белемаче. Роден во 1849 година во влашко семејство кога селото е дел од Османлиското Царство, а денес во Република Македонија. Припаѓа на фрашеротскиот род Белемаче. Завршува основно образование во родното село, а потоа продолжува да учи во српско училиште во Белград. Отворил меана во Букурешт, која што станала центар на романските социјалисти. Во 1893 година се вратил во Македонија, за да се вклучи во борбата против османлиската власт. Работел во влашкото училиште во Битола.Соработувал на изданијата „Лумина“, „Братство за правда“, „Пенинсула Балканика“, „Алманахул Мачедорумин“ и други. Во 1914 година се враќа во Романија. Во 1916 година, откако Романија влегува во Првата светска војна, Белимаче е заробен од бугарска војска и поминува две години како воен заробеник. Посветува стихови на тој период. Во 1918 година се враќа во Битола, која била веќе во рамките на Југославија, каде што романските училишта се затворани. Умира во 1934 година. Во негова чест е подигнат споменик кој се наоѓа во центарот на селото.

Текст користен од Википедија