Првото радио во улицата беше новина која ја донесе Славе на Кучкарка. Тој пееше во Радио Битола.
-О, како може кутијата да свири, да пее, кај се пикнал пејачот? Ова е ѓаволско вражуле-велеше Ленка Пепејка. По кратко време, сите комшии имаа радио. Се натпреваруваа чие радио е погласно. Моис Евреинот, иако беше во сокакот-чикмакот од нашата улица, радиото го пушташе на цел глас. Ако некој му забележеше, му одговараше:
-“До даске” го имам пуштено радиото, мое си е. Нека
пукнат душманите. Ако тебе ти пречи, затни ги ушите.

Првите староградски песни ги учевме од радиото. Братучеда ми Милка Чалева пееше во Радио Битола. Еден ден ме однесе во станицата покрај реката Драгор, од левата страна, во куќа со стрмни скали во дворот. Се качивме на вториот спрат. Во една просторија, оградена со стакло, водителот преку микрофон кажуваше вести. Томе Саздов и Милка Гемту беа водители. Кочани свиреше на гитара и пееја со братучеда ми во дует. Цел оркестар, нареден во другата одаја, ја следеше пејачката или пејачот. Собата беше обложена со кадифе. Ми објаснија дека е звучна изолација. Пееја старо-
градски песни “Сношти минав покрај вази”, “Нели ти реков,
моме Донке”, “Туѓината пуста да остане”, “Битола бабам
Битола”, “Милкано моме убаво”, “Параходот ми пристигна”,
“Сестра брата кани на вечера”, “Си заљубив едно моме”,
Јас не сакам големо богатство”, “Отвори ми бело Ленче
вратата” “Се посврши Сербез Донка”, “Рајно ле моме убаво”.
Кочани што го викаа, беше кусо, русокосо човече.

Брачеда ми Милка во тоа време беше една од поубавите во градот. Имаше глас како славеј. Нејзините родители тетка ми и тетин ми, браќата Владо и Вангел заминаја
Австралија. Таа побегна бегалка по нејзиниот сакан, по бојаџијата од соседството. Но, не најдоа заеднички јазик. Побегна од кај него и извесно време живеше кај нас.
Kaj Мара Џишка, во чикмакот на нашата улица, ме прати мене да и ги земам фустаните и еден сат будилник. Како денес паметам, кога отидов во одајата да го земам будилникот. Будилникот беше тркалезен, метален, со ногарчиња.
Имаше кружно sвонче на горниот дел и само што го допрев, ненадејно заѕвони. Во тремот ме пречека свекрва й. Ме фати за рака:
-Милка те пушти?
Стресена од страв, ништо не одговорив.
Кажи и на Милка дека ќе зажали што го остава син ми.
Милка отседна во Скопје кај вујна ми и по кратко време
замина во Австралија. Кога отидов во Перт, пред десет години, на мое големо изненадување, ми призна дека никогаш не ја преболи таа љубов. И кажав дека Пецо како девојка ме препозна и ми бараше адреса. Велеше дека ќе умре по
неа. Навистина почина млад. Вистинска љубов еднаш се случува. Оваа љубов беше токму таква и тие двата не можеа да ја преболат. За нив траеше цела вечност. Пецо умре со
болката за Милка, а таа и после многу години, со силни
емоции, тагуваше по саканиот.

Грамофон беше реткост. Се собиравме кај Гоце, наш другар од гимназија, да слушаме плочи: Шарл Азнавур, Френк Синатра, Едит Пјаф, Арсен Дедиќ, Адамо, Енгелберт Хемпердинг, Иво Робиќ, Добри Ставревски, Јонче Христовски, Тереза Кесовија. Главно, познати имиња во тој период игравме твист, танго, ча-ча-ча, рокенрол, во импровизирани игранки, Соколана, ,,Стевче Патако”, кај чинарот…

Љиљана Томичиќ “Огледало на животот”

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here