СЕХА лигата ги одреди термините за одигрување на осминафиналните натпревари сезонава. Еурофарм Пелистер гостува во првиот натпревар против Нексе Нашице на 1 февруари во 15:00 часот, додека реваншот е закажан за 12 февруари во 20:15 часот во Битола.

Први натпревари:

01.02.2020, 15:00 часот, Нексе Нашице – Еурофарм Пелистер
02.02.2020, 15:00 часот, Спартак Москва – Татран Прешов
02.02.2020, 19:00 часот, Металопластика – Војводина
02.03.2020, 16:15 часот, Пекинг – Мешков Брест

Возвратни натпревари:

08.02.2020, 18:00 часот, Татран Прешов – Спартак Москва
11.02.2020, 17:15 часот, Војводина – Металопластика
12.02.2020, 20:15 часот, Еурофарм Пелистер – Нексе Нашице
03.03.2020, 16:15 часот, Мешков Брест – Пекинг

Победникот од овој двомеч ќе се сретне со Вардар во четвртфиналето.

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР/ фото ГОЛ.МК