Прв успешен случај во Македонија! Се роди првото бебе од пациентка која боледува со цистична фиброза оплодена со ИВФ во Болница Плодност.Пациентката има 29 години, која се бореше со брачна неплодност повеќе од 7 години поради ретка болест цистична фиброза и забременува со вонтелесно оплодување со ембриоскопија. Ембрионите беа култивирани во посебен инкубатор единствен во Македонија достапен во нашата болница.Цистична фиброза е хронична мултисистемска болест од најтежок облик која ги афектира органите за дишење, органите за варење, панкреасот и сите жлезди со внатрешно лачење.
Ни беше од огромно задоволство на цела болница да ја потенцираме важноста на целиот процес, од начинот на забременување, начинот на водење и завршување на оваа бременост.
Благодарение на тесната интердисциплинарна соработка на ендокринолозите кои го регулираа дијабетот (кој се јавува како честа придружна појава кај пациенти со цистична фиброза), заедно со врвни специјалисти пулмолози и интернисти, пациентката беше третирана со ефективна нутритивна адјувантна терапија и панкреасни ензими.За време на целата бременост, ние го пратевме растот и развојот на фетусот и кога проценивме дека е потребно да се прекине бременоста поради почетна загрозеност на фетусот во 38 недела го добивме на свет малата Валерија.
Од овој случај можеме само да извлечеме поука дека доколку ваков тип на пациентки се под контрола на тимска работа на горенаведените специјалисти, бременоста ќе можат успешно да завршуваат до крај без поголеми компликации.Преостанува да се направи скрининг на новороденото и да се утврди дали ќе биде носител или заболено од цистична фирброза за благовремено да се координира потребната терапија која ќе биде одлучна за нејзиниот понатамошен живот.Им посакуваме многу здравје и среќа на семејството и се надеваме дека во иднина ќе можеме да помогнеме и на други вакви случаеви!
Прим. Д-р Таше Трпчевски