Со новата театарска претстава „Се извинуваме, многу се извинуваме“ на 13-ти октомври, недела, во 20:00 часот ќе настапи во големата сала на Центарот за култура во Битола, заедно со својот колега Феџа Стојановиќ, а повод е 39-тиот роденден на институцијата.

Станува збор за култната ТВ драма која во 70-тите години беше одлична забава за цели генерации кои уживаа да ја гледаат, тогаш Милена Дравиќ и Слободан Ѓуриќ на црнобелите ТВ приемници. После цели 40 години, друг одличен актерски пар, Неда Арнериќ и Феџа Стојановиќ на сцената на театарот Карт бланш, овојпат како театарска претстава го играат текстот на Милан Николиќ. За оваа претстава актерите добиваат бурни и долги ракоплескања од публиката ширум регионот.

-Текстот на претставата се однесува на луѓето во постари години кои бараат сродни души. Јас од своето животно искуство би порачала: Луѓе, не се откажувајте од животот, дури и кога ви е најтешко, кога сте оставени сами, кога никому не му требате. А, тоа е само привидно. Бидејќи повторно ќе најдете некој со кој ќе го поминете остатокот од животот, со кого ќе ви биде убаво, рече Неда Арнериќ.

-Драго ми е што има голем интерес за сите настани, горда сум на нашата институција и на целиот тим кој работиме заедно. Следниот месец имаме убав настан а тоа е Фестивалот на музика од светот кој од 15-ти до 17-ти Ноември ќе се одржи по 11-ти пат за кој наскоро ќе ја објавиме програмата. За фестивалот во план се гостувања на две исклучителни музички ѕвезди, еден бенд составен од врвни музичари од нашата земја, како и Камерниот оркестар од Битола“ истакна Маја Андоновска-Илијевски, директорка на НУ Центар за култура – Битола.