Денес ја најавуваме третата ѕвезда која се најде на списокот на ѕвезди за The Stars Symphony, а тоа е германскиот синт-поп мајстор и пионер на електронската музика – Schiller.

Познат по своите аудио-визуелни перформанси, Schiller го промени изгледот на електронската музика, и постојано ги поместува границите со своите звуци. Неговите албуми како „Leben“ и „Future“ се добро познати ширум светот, додека хитовите како „I feel you”, „Das Glockenspiel“ и „Sehnsucht“ остануваат вечни фаворити на обожавателите.

За се да звучи уште подобро, нашите добропознати Наде Талевска и Агни Авшар ќе му се придружат на сцената и ќе направат неговите песни да звучат уште подобро.

Не пропуштајте!

Картите се веќе пуштени во продажба, во Тобако Димпо (Ленски Мост, Грозд, Нов Пазар) по цена од 600 денари, а следна недела ќе може да се купат и online.

Каролина, Суперхикс, Schiller, Наде Талевска, Агни Авшар… и уште многу други ѕвезди кои ќе ги откриеме во текот на следната недела.

03.07.2024, 19:00, Градски стадион Битола – The Stars Symphony!