cof

Во спомен на битолските евреи-Никогаш да не се повтори!

После Солун, нашата Битолa или Монастир беше најголемиот еврејски центар на Балканот, град каде што тие живееја околу пет века, го сакаа, го градеа и допринесуваа за неговиот развој, слава и убавина… бидејќи таа ги спаси од инквизицијата, ги вдоми и му поддаде рака за нивен просперитет. Нивните фамилии сега се насекаде низ светот и се познати под името “монастирлис”. Историјата наведува дека нивниот број во Битола , на почетокот во ХХ бил околу до 11.000 кога во Битола живееја 60.000. Нивнот број драстично се намалува со балканските војни. Дел од нив останаа со своите сограѓани да делат и добро и лошо сѐ до кобниот 11 Март 1943 г. Затоа Битола има посебно место за нив, а тука се и сеќавањата за нив, кои во неколку продолженија ќе следуваат за сите вас…

Сарале – повторно назад во Битола (2)

Стара колку и самата држава Израел, Сарале беше првото Еврејско девојче родено во Битола по завршувањето на Втората Светска војна. Но, таа живееше таму само половина година. Нејзините родители Гита Шами – Калдерон и Сами Шмуел Калдерон ја зедоа со нив во Израел и ја остварија својата иднина во комплетно непозната земја, со луѓе кои не ги ни познаваа. Но, сите тие имаа иста судбина: тие го преживеале холокаустот во Европа, барајќи сигурност во Палестина. Тие се населија во Кфар Сиркин, во близина на Петах Тиква. Сарале студираше биологија и после тоа работеше на својата професија. Таа се омажи за Пинни Гутман и имаа три деца, Боас, Јаел и Михал.

Во 2016, Израелскиот Амбасадор на Балканот, Х. Е. Дан Оријан, ја покани Сарале да му се придружи нему и на неговите пријатели од Битола во Проектот за Еврејските гробишта: тоа требаше да биде место за комеморација и учење, наместо падина со надгробни плочи обраснати во трева, бобинки и трња. Требаше да се насадат и да цутат дрвја и рози, а за тоа му беше потребен нејзиниот професионален совет. Така Сарале се врати во Битола после долги години.

Сарале Гутман заедно со амбасадорите Џес Бејли и Дан Оријан

Таа учествуваше во комеморациите за депортацијата на Евреите на 11-ти март, во текот на последните четири години, заедно со нејзиното семејство и многу членови на Еврејската заедница од Битола. Последната година таа ја откри поранешната семејна куќа во близина на реката Драгор. Нејзиниот дом е во Израел. Но, Битола стана место на сеќавање за нејзиното целосно истребено семејство. Хармониката на нејзиниот чичко Шабтаи сега е дел од музејот ЈАД ВАШЕМ, претставувајќи го исчезнатиот културен живот во Битола.

Текстот е продолжение од Патоказ кон помирувањето: Хармониката на Шами

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here