Од меѓународната соработка помеѓу ладино пејачката Сара Ароести која е со битолско потекло, Израел и Р. Македонија ќе се снима албум на македонско еврејска музика која ќе биде уникатна за нашиот град Битола (Монастир), кој некогаш беше дом на просперитетна Сефардска еврејска заедница.
Bо него ќе бидат вклучени многу музичари и граѓани од двете земји. Проектот ќе биде во неколку фази, и секоја ќе вклучува зближување на заедниците во чест и прославување на еврејската историја на Битола.

За следната 2020 година ќе работам на мојот нов МОНАСТИР ПРОЕКТ. Станува збор за голем проект и затоа ни е потребна помош и да започнеме со снимање во Март 2020.
Затоа ве замолуваме да ни се придружите во овој возбудлив проект! За да дознаете повеќе и да донирате сега, посетете го следниот линк

https://fundraising.fracturedatlas.org/sarah-aroeste-the-monastir-project/campaigns/3229

Ви благодариме за поддршката на овој возбудлив проект!- ни пренесе Сара Ароести од далечната Америка…