Познатата ладино пејачка Сара Ароести која е со битолско потекло денес во Битола го започна нејзиниот најнов проект, музички албум кој ќе биде комбинација од македонска и ладино музика. За првпат во македонската и светска историја во него таа ќе препее неколку познати македонски традиционални песни во кои дел се пее и за Битола.
Интересно е да се спомене дека во проектот зедоа учество и дечињата од градинката Естреја Овадија Мара заедно со Снежана Иваноска која беше задолжена за музичкиот дел во таа градинка. Госпоѓа Снежана сега е во пензија и е творец на песната химна на познатата битолска градинка, а песната ќе биде дел од албумот.
Во проектот учествуваат големите битолчани Сефедин Бајрамов и Вевки Амедов. За целокупниот музички аранжман се погрижија професионалците од Гимел Студио од Битола.
Промоцијата на завршниот дел и издавањето на албум ќе биде во текот на следната 2021 година.
Фотографии од Sarah Aroeste Music