Денес над 300 битолчани претежно од помладата популација изразија револт од игнорирањето на проблемот со загадувањето на воздухот од страна на градските власти и не превземањето на мерки кои би биле за доброто на сите граѓани.

По повикот на здружението Поинаку во 17.00 ч. протестот започна пред Општина Битола, за потоа групата да се упати во Домот на Културата каде беше прославата за Патрониот празник св. Нектариј Битолски и надлежните за решавање на овај проблем.

Фото Сашо Ставрев