Легендата вели дека 89% од шахтите во Битола се затнати шо и денес јавно се покажа. Оргиналната битолска шахта вода не пропушта, и ако не е таква можи да има знаци од вшмукување според кажување на најблискиот брачен другар, роднина или пријател кој баш во најцрните моменти знае да го долови светлото на крајо од тунело кое за жал понекогаш можи да биди и воз, скраја да е.

Од страна на помала група битолчани засегната со битолските проблеми денеска рано отсабајле јавно беа обележани местата каде се наоѓаат нашите “оргинал” шахти или сливници викани според некоја нова терминологија.
Од надлежните веднаш се побара да се реагира а и многу од нас телефонски се јавија со добра намера. Екипите излегоја на терен и како во некој добар индиски филм имавме замислете среќен крај: Шахтите се исчистија, дупките се ослободија и сите среќни и весели се поздравија, гушнаја и задоволни си заминаја. После реакција имаше акција, нешто што и нас многу нѐ воодушеви бидејќи тоа беше нешто невидено досега. Е тоа е оригинално битолски.

Инаку битолските шахти се актуелни на Твитер, на Мотика и можеби е време да се размислува за да ги заштитиме како наше културно наследство.

Поздрав до сите и клавајте маски за доброто на сите.

Во главните улоги учествуваа Поинаку и ЈП Нискоградба. Фотографиите се нивни.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here