“Еден народ опстојува по меѓусебната милост и љубов, а грижата за ближниот е таа што не сплотува.”
Со таа мисла, Ротаракт Клубот Широк Сокак Битола го проследува вториот дел од проектот “Rotaracts Food Recovery Network” проследен со акцијата “Подари топол оброк”, во соработка со Ciflik Winery, Millenium Kitchen & Bar , граѓанското здружение “Утешител”и млекара Vemilk
Акцијата започна во текот на месец декември, 2018 година каде се собраа и разделија пакети со прехранбени намирници благодарејќи на сите хумани срца кои донираа по штандовите поставени во маркетите.
Ова недела беа припремени и поделени 200 оброци на социјално ранливите категории во градот.
Праќаме порака во акцијата да се вклучат и прехранбената индустрија и сите оние кои можат да донираат сретства, како би можеле да обезбедиме оброк барем еднаш неделно во отсуство на постоење на Народна Кујна во Битола.
Да подареме радост, за таа да биде наше секојдневие.