– Ме правиш среќен ко сдсм што го прави среќен народот
– Би мај ваксајн
– Тебе не ти фали документ за да влезеш во моето срце
– Ти си ми на приоритетна листа
– Тебе би те молзел не само во недела
– Не сум Маричиќ ама ќе ти го забранам зборот тага
– Само што го ажурира членството во моето срце
– Заедно секој ден ќе го редиректираме во Денот на љубовта
– Ја реформирам историјата, сѐ почнува од твојот поглед
– Не си Фајзер, од тебе ми требаат повеќе од две дози
– Јас ќе ти сум бустер доза
– Во мојот термин секогаш има место за тебе
– Не можам да му кажам на срцето дека е недела неработна, цело време работи за тебе
– Сакаш да дочекаме заедно да сме во прва фаза за вакцинација?
– Вакцина: јас Нуспојави: Болка во коските од гушкање
– Јас одозгора на тога ти = љубов
– Хев а Валентајн
– За тебе би се вратил и од Германија
Божидар Божиновски ака Моџо Килингтон