Овој рецепт ми го испрати тетка ми од Загреб, стално ми ги фалеше ролничкиве дека се преубави па ајде реков да се испробам, и навистина се одлични.
500 г кори за пита
3 јајца
200 мл јогурт
100 мл млеко
200 г пченкарно брашно
100 мл масло
500 г сирење
200 г спанаќ
И уште
100 мл млеко
Прво припремете го филот со едноставно мешање на јајцата со останатите состојки за фил.
Се земаат 4 кори, врз секоја кора (освен врз првата) се става фил 2-3 лажици и се редат една врз друга, а на 4тата се става сирење или зајре по желба. Значи кора, кора, фил, кора, фил, кора, фил, па зајре. Зависи како имате кори, така ќе ги прилагодите. Во моето пакување имаше 18 кори, така направив 3 ролни по 4 кори, и останатите 2 ги направив со по 3 кори.
Редете ги на плех обложен со хартија за печење.
На крај прелејте ги со млекото и маслото, засечете ги и наросете сусам. Оставете да отстојат 15тина минути па ставете да се печат на 200 степени додека убаво не поруменат.
Совет-користете поширок плех ако имате за да има простор меѓу ролните.