„Чувството е неопсливо, го извадив сама бебето, ја пресеков сама папочната врвца, бебето ми лежеше веднаш на гради….сè беше филмски, онака како што замислував. Препорачувам на секого вакво искуство“, го започнува разговорот среќната мајка од Тетово, која во нашата болница на свет донесе женско дете, со породување во вода.

Родилката долго време истражувала и сепак се одлучила за оваа метода и за породување во Болница „Плодност“.

„Дојдовме специјално за породување во вода. Со првото дете се породив по природен пат, можеби не сум имала храброст дека прво, но сега да можев да избирам, исто би направила и со првото бебе, би се породила во вода. Презадоволна сум од персоналот, екипата, докторката Кристинка.

Сè се одвиваше многу брзо, дури не ми беше ни верно, водата си го направи своето, во однос на опуштање, се намалија болките. Докторката и персоналот беа толку фини, така што се чувствував опуштено, смирено…..“ вели среќната мајка од Тетово.

Болница „Плодност“ е единствената болница во државата која на родилките им во овозможува уникатното чувство на мајчинство, со породување во вода.