РК Пелистер продолжува со екипирање на својот тим за наредната сезона каде повторно како тренер ќе го има Томче Петрески.
Денеска официјално беше потпишано продолжување на соработката со тројца ракометари, капитенот Васко Димитровски кој остана во „пелистерци“ и заедно со него нови договори потпишаа и Кире Митревски и Реваз Чантурија.
Претходно нов договор потпишаа Никола Ивановски и Костадин Петров.
Својот најдобар стрелец Грузијецеот Орјоникидзе „зелено-белите“ не успејаа да го задржат. Тој летово се пресели во унгарскиот прволигаш ФТЦ Ференцварош.
Нека е со среќа и победи да ни нижат!