Пелистер – Бутел 24:26, (12:14) на полувреме.
Пелистер денес започна со млад погон, но со голема поддршка од чкембарите кои неуморно ги бодреа во салата Боро Чурлевски во Битола.
Од искусните ракометари учествуваа Васко Димитровски, Стефан Дрогришки и Дарио Петровски од РК Еурофарм Работник, кој беше најефикасен и постигна 7 гола, додека Кире Митревски се опоравува од повреда и сеуштене е присутен на терените.
Кај гостите најефикасен беше искусното крилото Мирко Мајиќ со 9 гола.
Во 59-та минута “младиот” Пелистер имаше напад за нерешено, но промаши и следниот напад противникот ефектираше со гол и победа од 2 разлика за прв пат во Битола.
Фото и текст Димитар Петковски