Вчерашниот слободен ден ракометарите на Еурофарм Работник го искористија за хуманитарна акција на ротари клубот Добој. Имено, македонскиот вицешампион даруваше дресови, шалови и спортска опрема на единствениот ротари клуб во Добој како избрана екипа од организаторот за оваа година.
Сите членови на екипата од Битола, присуствуваа на кратката церемонија, се запознаа со начинот на кој работи овој клуб, а во името на тројцата босански интернационални кои играат во Еурофарм Работник, на присутните им се обрати Елмир Граџан. Дресовите кои ги подарија битолчани ќе бидат ставени на лицитација, а средствата ќе им помогнат на младите ротаријанци од Добој.
Официјалниот дел заврши со заедничка фотографија пред хотелот Парк во Добој.
РК Еурофарм Работник