За разлика од претходните порази на Еурофарм Работник кои беа многу тесни, денес македонскиот вицешампион загуби убедливо со десет голови разлика. Натпреварот почна израмнето, но по 10-та минута Спортинг почна да се одлепува. Со серија од 12- 2, домаќините дојдоа до предност од осум голови разлика, 16-8, па на полувремето заминаа со 17:11.
Во вториот дел иста слика на теренот, Спортинг Лисабон доминираше, имаше контрола врз резултатот и на крајот сосема заслужено победи со највисоки десет голови разлика 36:26.
Најефикасни во составот на Еурофарм Работник беа Остроушко и Јотиќ со по осум голови.
Во следното коло Еурофарм Работник следната недела го пречекува Савехоф.
РК Еурофарм Работник