РК Еурофарм Пелистер вторпат го победи Вардар во четири дена. Битолскиот состав по финалето на турнирот во Струга најде начин да го порази актуелниот европски првак и во СЦ „Јане Сандански” со 21-26 (9-10). Вардар настапи без Ловро Јотиќ и Кристијан Дисингер, кои поради повреди се надвор од стројот, а за Еурофарм Пелистер не настапи Кукоски.

Одлично отворање на средбата имаа гостите кои поведоа со 0-5 за осум минути игра. Вардарци полека ја топеа предноста и Талески и Димитриоски намалија на 9-10 и на одмор се замина само со +1 за гостите. Во вториот дел и двајцата тренери многу менуваа, а Пелистер повторно успеа да направи серија и да го врати водството од три гола. На петнаесет минути пред крајот беше 19-16, потоа резултатот гласеше 21-17, па до финишот гостинот ја зачува предноста и слави со 26-21.

Во вториот дел и двајцата тренери ротираа, а Пелистер повторно успеа да направи една серија и да го врати водството од три гола. На петнаесет минути пред крајот беше 19-16, потоа резултатот гласеше 21-17, па до финишот гостинот ја зачува предноста.

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР