Откако вчера беше најавено, Еурофарм Пелистер ја промовира новата химна на клубот кој настана како фузија на битолските Еурофарм Работник и Пелистер.

Битолчани прв пат ќе ја интонираат химната на Еурофарм Пелистер во вторник, бидејќи во салата „Боро Чурлевски“ гостува Тримо Требње во ремките на Европската лига на ЕХФ.

По фузијата на двата битолски тимови, Еурофарм Пелистер претстави амбициозен проект за напад на титулата во домашниот шампионат и успех во Европа. Засега во Европската лига сè уште чекаат на прва победа, бидејќи имаат три порази и реми, па во вторник ќе атакуваат на прво славје во новото натпреварување.

Извор Гол.мк